Њукасл одлучи за Александер Исак!

101
ФОТО: Newcastle United F.C./FB

Како што денеска јавуваат медиумите на Островот, Александер Исак ова лето нема да го види Ливерпул. Се чини не се тие 140 милиони евра проблем за Њукасл колку фактот дека овој клуб ова лето не може да дојде до негова замена. И Екитике и Шешко не сакаа да дојдат на “Сент Џејмс Парк“.

Инаку пораката која Исак ја добил директно од Саудиска Арабија, од сопственичката структура на клубот, била дека тој ова лето не оди никаде и дека останува во таборот на “страчките“. Да потсетиме дека тие ја одбија последната понуда на Ливерпул која изнесуваше 140 милиони евра и “Редси“ немаат намера веќе да лицитираат.

Њукасл му пондуил на Исак да потпише нов договор со далеку поголема плата, со посебна клаузула да наредното лето може да си оди.

Но ова Исак го одбил.

Последно е што Њукасл го сака Џексон од Челзи и ако успее да го донесе, тогаш работите би можеле да се сменат.

ПретходноПМФЛ 1.коло (денеска): Струга ТЛ на мегдан со “лавовите“, историски меч за Арсими во Куманово!
СледноМилан и Манчестер Јунајтед постигнаа договор, но Хојлунд се двоуми