Вардар славеше на првата контрола против Бутел

178

Ракометарите на Вардар славеа со 33-21 против Бутел Скопје на контролниот натпревар во Пехчево. Ова беше одлична конролна средба под палката на новиот тренер на „црвено-црните“, Иван Чупиќ.

Чупиќ имаше можност да ја провери формата на новите засилувања и да испроба тактички комбинации пред напорната сезона. Шанса за настап добија сите ракометари, но поради ситни повреди во составот не настапија Борозан, Еспиња и Пинто.

Вардар следно ќе игра на турнирот во Охрид, додека сезоната официјално ја отвора на 3 септември во Супер Купот против Еурофарм Пелистер.

ПретходноИлиевски: Овој висок пораз не е реален во однос на квалитетот на двете селекции
СледноТрет пораз за младите кошаркари на ЕП во Скопје