Десетина дена фудбалската јавност во Србија се “тресеше“ на можниот трансфер на Душан Тадиќ во Ц. Звезда. Едно време првиот човек српскиот шампион, Ѕвездан Терзиќ се пофали дека дури и самиот фудалер бил пријатно изненаден од висината на понудата и дека само прашање се часови кога офанзивниот играќ ќе го облече дресот на Ц. Звезда.
Но за негова жал ништо од тоа. Тадиќ се пресели во Обединетите Арапски Емирати во клубот Ал Вахда.
И кога се дознае дека за една година Тадиќ ќе добие 7,5 милиони евра јасно беше зошто тој во последен момент ја сменил одлуката.
Па, не е исто за една година да земаш 7,5 милиони евра во Ал Вахда, според српските медиуми и 2,5 милиони во Ц.Звезда.
Дефинитивно многу пари се во прашање.