Џанлуиџи Донарума (26) веројатно ќе ја одигра последната сезона во Пари Сен Жермен. Договорот на Италијанецот истекува следното лето и не може да се постигне договор за продолжување.
Освојувачот на Лигата на шампионите денеска го пронајде неговиот наследник. Лукас Шевалие доаѓа во дресот на парижани. Станува збор за 23-годишниот досегашен голман на Лил кој се сели во француската престолнина со договор до 2030 година.
ПСЖ ќе плати 40 милиони евра за Шевалие.