Македонија се сели во Б Дивизија, кадетките убедливо поразени од Романија

101

Македонската женска кадетска репрезентација со убедлив пораз го заврши настапот на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Нашите кадетки беа поразени од Романија со 25-40 и завршија на 22. место. Ова значи дека следната генерација оваа генерација ќе игра во Б-дивизија на континенталниот собир за две години.

Лошиот вовед на мечот беше причина за поразот, кој беше најавен после првото полувреме по кое Македонија имаше негатива од дванаесет голови 10-22.

Ања Лашкоска со шест гола беше најпрецизна во нашиот табор, додека кај победникот, Сара Марија Старк постигна седум гола.

ПретходноЛоши вест за Интер Мајами, Меси ќе пропушти уште еден натпревар
СледноАртета го пофали Ѓокереш