Ал Наср создава премоќен тим – квартет кој би можел да нападне било кого во Европа!

189

Фудбалскиот клуб Ал Наср ова лето навистина одработи пеколна работа.

Кристијано Роналдо беше незадоволен, бидејќи Ал Наср повторно остана без титула, која не ја освоил од 2019 година, па клубот ова лето мораше да се засили.

Познато е дека Жоао Феликс пристигна како најскапо засилување досега, а за време на викендот пристигна и Ињиго Мартинез во шокантен трансфер од Барселона, и тоа без обештетување — но тука не е крајот.

Ал Наср тргна и по Кингсли Коман, кој би можел да дојде од Баерн Минхен за да го комплетира „убиствениот“ напад. Французинот ги договорил сите лични услови со Ал Наср и чека договор меѓу клубовите, а се шпекулира дека обештетувањето би можело да изнесува дури 50.000.000 евра.

Доколку пристигне и Коман, заедно со Роналдо, Феликс и Садио Мане, Ал Наср на хартија би имал разорен напаѓачки квартет.

Не треба да се заборави дека Ал Наср во тимот го има и Марсело Брозовиќ, Бразилецот Весли, Отавио, а се очекува и Ајмерик Лапорт да се врати во Атлетик Билбао.

Дали Ал Наср со овој тим конечно ќе може да ја освои титулата и да биде посилен од Ал Хилал и Ал Итихад?

ПретходноСалах ја критикува УЕФА за смртта на „палестинскиот Пеле“: Кажете ни зошто умре и каде?
СледноСинот на Анчелоти ја „краде слава“ на својот татко во Бразил