Артета го пофали Ѓокереш

46
ФОТО: FC Arsenal/X

Арсенал го победи Атлетик Билбао со 3-0 во пријателски натпревар, а Виктор Ѓокереш го постигна својот деби гол. По натпреварот, менаџерот на „топџиите“, Микел Артета, беше полн со пофалби за Швеѓанецот, велејќи дека сè што прави е „инстинктивно“.

„Сè што прави е инстинктивно. Затоа постигна толку многу голови во последните сезони. Головите се важни, важно е како му се заканува на противникот. Тој привлекува централни дефанзивци и ако му дадете простор во ситуација еден на еден, ќе ве уништи“, рече шпанскиот специјалист.

Каи Хаверц, кој играше на врвот на нападот на Лондончани минатата сезона, исто така постигна гол, што дополнително го израдува Артета.

„Тие можат да играат заедно, Каи може да игра на други позиции. Тие го подигнуваат нивото на тимот и ги зголемуваат опциите во составот. Одлично е да се видат двајцата како постигнуваат голови и тоа е убав „проблем“ да се има“, додаде тој.

ПретходноМакедонија се сели во Б Дивизија, кадетките убедливо поразени од Романија
СледноМишов пред денешниот меч со Работнички: Тиквеш е подготвен за добра сезона во ПМФЛ!