Барса го прегази Комо на Купот „Жоан Гампер“

55
фото: FC Barcelona (X)

Барселона со убедливи 5:0 го совлада Комо на вечерашниот меч на купот „Жоан Гампер“.

Фермин Лопез го отвори резултатот во 21-та минута и го доведе домашниот тим во водство, а во 35-та минута постигна и втор гол. Рафиња ја зголемипредноста на 3:0 во 37-та минута, а Ламин Јамал постигна гол во 42-та минута за 4:0.

Истиот фудбалер во 49-та минута постигна и втор гол.

Купот „Жоан Гампер“ е пријателски турнир што секоја година го организира Барселона. Првпат се играше во 1966 година на иницијатива на претседателот на Каталонците, Енрике Лоде. Трофејот е именуван во чест на легендарниот претседател и основач на Барселона, Жоан Гампер.

ПретходноПех за Бетис: Иско најмалку три месеци надвор од терените