Бледи Шкемби (Струга ТЛ): Ова е слатка победа за мене!

51
ФОТО: FC Struga TL/FB

Вчера Струга ТЛ со 2:0 ја победи Македонија ЃП и со тоа успеа да освои три бода на стартот во новата сезона. Ова беше воедно и деби победа за стратегот на стружани на еден официјален меч, Бледи Шкемби.

Неговиот тим не блескаше, иако победи сепак оваа Струга ТЛ мора и може подобро. Ама најважно е што се стартува новата сезона со тримумф.

За тоа како го виде овој меч против “лавовите“ самиот Шкемби:

Среќен сум за победата. Ова е слатка победа за мене, бидејќи е мое деби, што многу ми значи. Нормално е кога победуваш да се чувствуваш добро. Среќен сум со 3-те бода што ги освоивме, но и од начинот на кој игравме, можам да кажам дека сè уште имаме многу работа. Начинот на кој игравме денес, не е дека ми се допадна многу. Би рекол дека имавме и некои лоши моменти. Секако, на претстојите мечеви мора да биде подобро“ посочи стратегот на Струга ТЛ и дополни:

Дефинитивно морам да ја поздравам струшката публика, односно сите оние што беа присутни беа на стадионот. Би сакал да бидат во уште поголем број за да не поддржат во следните натпревари, бидејќи нивната поддршка има голема тежина за нас како тим. Заедно можеме да направиме многу добри работи.“

ПретходноИ Дончиќ си има проблеми: Она кога имаш автомобил од 2 милиони долари а не можеш вратата да ја отвориш! (ВИДЕО)
СледноДвајца јапонски боксери починаа откако беа повредени на ист настан