Иако првата опција е Родри, сепак тешко дека ова лето Реал Мадрид ќе дојде до сеуште актуелниот најдобар фудбалер во светот и сопственик на „Златната топка“. А тука е повредата која Шпанецот ќе го одалечи неколку недели од првиот тим на Сити.
Сепак и втората опција за “кралевите“ е „бомба“ во најава, а тоа е Витиња, веројатно клучниот играч на ПСЖ, на актуелниот европски првак.
Интересно е тоа што ПСЖ како да сака со сила да го “избрка“ Портуалецот. Имено ако пред неколку дена за Витиња бараше 130 милиони евра, денеска “Марка“ и останатите медиуми во Шпанија пренесуваат дека раководството на ПСЖ е спремно и за 90 милиони да го пушти својот играч за врска.
Навистина несфатливо тоа што го прават “светците“. Па така место да го засилат тимот со 2-3 екстра играчи, тие ги продаваат и оние кои се клучни во ростерот на страегот Луис Енрике.