Двајца јапонски боксери починаа неколку дена откако добија повреди на мозокот за време на борби на ист настан во Токио. Шигетоши Котари починал во петокот, а Хиромаса Уракава во саботата, откако се повредиле во своите борби во во Токио на 2 август, јавија јапонските медиуми.
Двајцата 28-годишни боксери биле оперирани поради субдурален хематом, односно крварење во внатрешноста на черепот, се наведува во извештаите.
„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата, пријателите и јапонската боксерска заедница во овој неверојатно тежок момент“, соопшти Светската боксерска организација.
Котари починал од последиците на повредата што ја добил во борбата против Јамато Хате, во меч кој завршил нерешено по 12 рунди. Уште еден боксер, 28-годишниот ирски борач во суперперолесна категорија, Џон Куни, почина во февруари годинава од повреди на мозокот.