Интересно: Меч од Ла Лига ќе се игра во Мајами?!

54
ФОТО: FC Barselona/FB

Идејата на првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас, да се интернационализира една од најсилните лиги во свето, се чини дека добива клучен замав. Имено како што денеска пренесуваат медиумите во Шпанија, голема е веројатноста натпреварот од 17.коло меѓу Барселона и Виљареал да се игра во Мајами и тоа на стадионот “Хард Рок“, на тој истиот на кој игра иконата на Барса, сега член на Интер Мајами, Лео Меси. Тој натпревар според календарот би се играл во декември, идеален периот во кој има нешто помалку средби па затоа е можен трансфер на неколку дена и на Барселона и Виљареал, на друг континент.

А секако дека и имињата и квалитетите на двата тима гарантираат голем интерес кај фудбалските фанови во Мајами на Флорида (САД).

Деновиве за ова трена да се реши, а ако навистина се добие дозвола тогаш за првпат во историјата на Ла Лига, меч од оваа лига би се играл надвор од Шпанија.

Претходно“Бомба“ во најава: Витиња во Реал Мадрид за 90 милиони евра?!
СледноФлоријан Вирц е избран за фудбалер на годината во Германија! (ФОТО)