По подобро изведување пенали, екипата на Кристал Палас го освои Комјунити Шилд купот. На отворањето на сезоната во Англија, денеска на „Вембли“ Ливерпул иако беше подобар ривал не успеа да ја сочува предноста во регуларниот дел и дозволи лондончани на крајот да се радуваат на првиот трофеј.
Ливерпул прв поведе во 4-тата минута од натпреварот со голот на Екитике по асистенција од Вирц. Кристал Палас израмни во 17-тата минута кога Вирџил ван Дајк направи пенал, а Матета погоди за 1:1.
Ливерпул повторно поведе, пвој пат, Фримпонг постигна прекрасен гол за тимот од „Енфилд“. Казната за лошата игра во дефазива кај „црвените“ дојде во 77. минута кога Кристал Палас израмни преку Исмаила Сар.
Салах, Мекалистер и Елиот промашија во пенал-рулетот, додека кај Кристал Палас само Езе и Соса беа неуспешни, па Палас со 3:2 славеше.