Лоши вест за Интер Мајами, Меси ќе пропушти уште еден натпревар

17

Главниот тренер на Интер Мајами, Хавиер Маскерано, изјави дека напаѓачот Лионел Меси нема да игра на натпреварот од 26-тото коло на Главната лига со Орландо Сити, кој се игра вечерва.

„Не, Лео нема да игра. Тој е добро, но би било лудо да ризикуваме и да го однесеме во Орландо, со оглед на тоа што има уште многу натпревари што треба да дојдат. Но, ние сме оптимисти дека тој наскоро ќе се врати во игра“, рече Маскерано, цитиран од ESPN.

38-годишниот Аргентинец го пропушти и натпреварот од третото коло на Лига Купот со УНАМ Пумас (3:1) поради повреда на бутниот мускул.

ПретходноСинот на Анчелоти ја „краде слава“ на својот татко во Бразил
СледноМакедонија се сели во Б Дивизија, кадетките убедливо поразени од Романија