Македонската женска кадетска репрезентација со убедлив пораз го заврши настапот на ЕХФ Европското првенство кое се одржува во Црна Гора. Нашите кадетки беа поразени од Романија со 25-40 и завршија на 22. место. Ова значи дека следната генерација оваа генерација ќе игра во Б-дивизија на континенталниот собир за две години.
Лошиот вовед на мечот беше причина за поразот, кој беше најавен после првото полувреме по кое Македонија имаше негатива од дванаесет голови 10-22.
Ања Лашкоска со шест гола беше најпрецизна во нашиот табор, додека кај победникот, Сара Марија Старк постигна седум гола.