Мишов пред денешниот меч со Работнички: Тиквеш е подготвен за добра сезона во ПМФЛ!

127
ФОТО: GFK Tikves/FB

Уште еден стабилен прволигаш, очекува следната ПМФЛ сезона за него да биде успешна. Тоа е тимот на Тиквеш од Кавадарци кој во во сезоната 2025/26 година влегува со нова сопственичка структура. Денеска Тиквеш пред своите фанови во рамките на 1.коло го дочекува Работнички од 17.30 часот.

Сите знаеме дека со доаѓањето на новиот сопственик на клубот, Осман Таш, амбициите на ФК Тиквеш се далеку посериозни. Како на организациски план, така и на резултатски. Минавме одличен главен дел од подготовките во Турција, имавме и повеќе од доволно време да се воиграме, новите играчи да се адаптираат на средината, градот, клубот и мислам дека сме на добар пат“ – вели напаѓачот Александар Мишов.

Тиквеш како клуб, а тука пред се мислам на управата, стручниот штаб и играчите на почетокот на подготовките си поставивме јасна цел. Да сме подобро пласирани на табелата од минатата сезона. Од она што летово го видов, а и го одработивме, ја сум и тоа како оптимист. Мислам дека Тиквеш има квалитет да биде на местата на табелата кои што водат во Европа. Но, одиме чекор по чекор“ – додава Мишов, за да поентира со денешниот дуел против Работнички, инаку прв од овогодинешниот шампионат за Кавадарчани.

Голем респект за тимот на Работнички. Сите знаеме за каков клуб станува збор. Ќе сториме се за да бодовите останат во Кавадарци. И за нас како клуб, но пред се за нашите верни Лозари, кои го заслужуваат тоа“ – изјавува Мишов.

ПретходноАртета го пофали Ѓокереш
СледноЃорческа поразена во финалето во Србија