Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата, почна да тренира за последниот Гренд слем во сезоната, и последната шанса да стигне до толку посакуваниот 25-ти најголем трофеј оваа година. А тоа УС Опен во Њујорк, кој ќе се одржи од 24 август до 7 септември. Овогодинешниот полуфиналист на Австралија Опен, Ролан Гарос и Вимблдон беше снимен како испраќа проектили од основната линија кон другата страна од теренот, и полека се навикнува на бетонската површина што наскоро ќе го чека на американска почва.
Ѓоковиќ моментално е во Црна Гора, а во последните денови пред патувањето во Соединетите Американски Држави, реши да тренира во Портоново.
💪🇷🇸👀🇺🇸 Novak Djokovic getting ready for the US Open pic.twitter.com/x7YhiV6MA7
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) August 10, 2025