Откако победи на Хунгароринг минатиот викенд и со тоа ја намали разликата на само -9 поени во однос на водечкиот Оскар Пјастри, во генералниот пласман во Формула 1 за оваа сезона, Ландо Норис даде по малку и чудна изјава за тоа што очекува од битка за титулата со својот колега од Мекларен:
“За 200 години, никому нема да му е гајле, сите ќе бидеме мртви. Се обидувам да се забавувам. Секако дека сакам да победувам, и тоа како, па поради тоа ќе се изнервирам, разочарам или ќе се налутам на себе. Сето тоа кажува колку сакам да победувам, но тоа не значи дека ќе морам да се “истресам“ на Оскар. Тоа не е мој стил. Јасно е дека најмногу сакам да бидам подобар од Пјастри, но ако не бидам тогаш тоа значи дека тој подобро си одработил својата работа“ рече покрај другото Британецот во Мекларен и втор во генералниот пласман во оваа сезона во Формула 1.