Денеска од 17:30 часот во Кавадарци, во рамките на 1.коло во новата сезона во ПМФЛ, Тиквеш пред своите фанови го дочекува Работнички. Ќе имаме можност на дело да го видиме тимот од Кавадарци кој според сите прогнози и предвидувања на познавачите на мак-фудбалот, би требало да е еден од фаворитите за висок пласман.
Тиквеш сега има се што треба за добар резултат. Клуб со висок буџет, одличен тренер во името на Ѓорѓи Мојсов, секако одличен играчки кадар по сите оние силни засилувања ова лето.
Наспроти себе денеска ќе го има Работнички, клуб и тим кој е чиста спротивност на се она што го кажавме погоре за Тиквеш. Ама Работнички си е Работнички. Клуб со огромна традиција, тим кој секогаш знае како треба и кога треба да приреди изненадување.
Иако и денеска е пеколнио топло во Македонија, посебно во Кавадарци, температурите се екстремно високи, кавадарчани се желни да го видат својот Тиквеш и секако дека ќе дојдат попладнево во голема бројка за да го бодрат и видат на дело составот на стратегот Ѓорѓи Мојсов.
Се очекува голема битка во првиот настап сезона за двете екипи, се очекува добар и интересен фудбал.
Па, нека биде така.