Полска остана без НБА кошаркарот на претстојниот Евробаскет

47
фото: Mateusz Babiarz (X)

Полската кошаркарска федерација објави дека Џереми Сохан нема да учествува на Европското првенство. Кошаркарот на Сан Антонио има проблеми со мускулот на листот, што ќе го спречи да настапи на европското првенство. Се очекува тој целосно да се опорави на време за сезоната 2025-26 за НБА лигата.

Пред неколку дена, Сохан се пожали на непријатност во мускулот, а се покажа дека повредата е посериозна отколку што првично се сметаше.

Минатата сезона, напаѓачот одигра 54 натпревари за Спарсите, постигнувајќи просек од 11,4 поени, 6,5 скока и 2,4 асистенции по натпревар.

ПретходноПМФЛ: Работнички си “лапна“ бод во Кавадарци, а лесно можеше да дојде и до трите!
СледноХанси Флик: “Тој никако не е на продажба!“