Нема голови во Кавадарци по првите 45 минути на мечот од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ меѓу Тиквеш и Работнички. Пред околу 5.000 гледачи и пеколно топло време, домашните доминираа, имаа и шанси преку Стојкоски и Вареловски, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Работнички во два наврати опасно се закани, посебно во 41.минута кога Елези од непосредна близина можеше и мораше подобро да шутира, иако беше во пад. Ова беше најубавата шанса во првиот дел. Две минути подоцна исто Елези се обиде атрактивно со ножички, но за малку беше непрецизен.
Последните минути му припаднаа на гостинот од Скопје.