Како и секoја година кога стартува новата сезона во ПМФЛ, така и оваа кога се однесува до Работнички, стои прашањето. А тоа е што може овој тим од Градски парк? Што може овој “нов“ Работнички?
Видовме како мина во Европа, видовме какви резултати имаше на подготвителните мечеви, посебно на “генералката“ со Скопје 0:1. Нов тренер, нов тим, драстично подмладен и релативно послаб во однос на квалитетот, во однос на минатата сезона.
Лани Работнички само за еден гол не стана есенски првак. Лани Работнички играше фантастично под водство на Горан Станиќ. Но падот почна од зимскиот преоден рок кога беа продадени најдобрите.
Сега си замина речиси целиот прв тим, а беа донесени играчи со недефиниран квалитет со чест на исклучоците. Мециновиќ, Елези, Василев се премалку за да го подигнат тимот. Тренерот Бојан Маркоски ќе има пеколно тешка задача за да ги оствари амбициите, кои како на клуб со такво реноме секако дека не се мали. Ама едно е желбата а сосема друго реалноста.
Се чини дека никогаш досега Работнички во оваа сезона ќе има тешка задача, предвидувањата се дека ќе се бори жестоко за избегнување на најлошото.
Сепак, којзнае како ќе биде. А на стартот веднаш гостување кај силниот Тиквеш.
Од друга страна да не заборавиме дека ова е Работнички, клуб кој знаел позитивно да изненади и кога му било најтешко.