Мадридски Реал во 2020 година издвоил 30 милиони евра за услугите на младата бразилска фудбалска надеж, Реиниер, од Фламенго.
Кралевите се надеваа дека во него ќе добијат уште една ѕвезда за релативно ниска сума, но за разлика од Винисиус Жуниор и Родриго, Реиниер се покажа како промашување.
Овој фудбалер не одиграл ниту секунда во дресот на кралскиот клуб. Беше испраќан на позајмици во Борусија Дортмунд, Жирона, Фрозиноне и Гранада, а ова лето конечно ја прекина авантурата со мадридскиот великан.
Реиниер на интересен начин се прости од „кралевите,“ изразувајќи благодарност за шансата која всушност и не ја дочека.
„Со 18 години дојдов во Шпанија за да го остварам детскиот сон – да играм фудбал во Европа, а клубот кој ми го овозможи тоа беше ни помалку ни повеќе, Реал Мадрид – најголемиот клуб на светот и клубот за кој навивав.
Во изминатите пет години бев во Шпанија, Германија и Италија. Многу научив во клубовите кои ми помогнаа да се изградам како личност и како професионалец.
Знам дека ништо од тоа немаше да биде можно без шансата што ми ја даде Реал Мадрид. Затоа, денес кога го завршувам договорот, срцето ми е исполнето со благодарност и мирна совест. Ви благодарам, Реал.“
Младиот фудбалер потпиша договор со Атлетико до декември 2029 година, а враќањето во Бразил за него ќе биде дефинитивно нов почеток по прилично лошата епизода во Европа.