Синот на бразилскиот тренер Карло Анчелоти, Давиде, привлекува сè поголемо внимание со својата работа откако првпат ја презеде улогата на главен тренер.
На почетокот на јули, Анчелоти јуниор ја презеде клупата на Ботафого од Рио, со што стана вториот најважен Анчелоти во бразилскиот фудбал во моментов.
Местото на подиумот сè уште му припаѓа на неговиот татко Карло, кој малку порано ја презеде бразилската репрезентација.
Таткото и синот беа неразделни во секој клуб каде што работеше „Дон Карло“, од Баерн, Наполи, Евертон и Реал Мадрид, каде што Давиде апсорбираше знаење од својот татко и го стекна потребното искуство за она кон што јасно се стреми во својата кариера – улогата на главен тренер.
Таа можност му дојде во Бразил.
Давиде сега е на пат, водејќи го Ботафого доста солидно, кој синоќа ја забележа најубедливата победа во сезоната – 5-0 против Форталеза.
Три гола од тимот на Рио беа постигнати по акции од прекини со што полека станува препознатлива карактеристика и белег на младиот Анчелоти и неговиот тренерски штаб.
Екипата на Анчелоти се искачи на петтото место на табелата, зад лидерот и градски ривал Фламенго.