Слот по поразот во Комјунити Шилд: Играме подобро во напад, но примаме многу голови

37
фото: Liverpool France (X)

Менаџерот на Ливерпил, Арне Слот се огласи по поразот на неговиот тим во првиот сезонски меч во Англија, ФА Комјунити Шилд купот.

„Имам измешани чувства. Ако ја погледнете нашата напаѓачка игра против толку компактен тим, можеби е малку подобра од минатата сезона. Минатата сезона успеавме да постигнеме само еден гол против Палас, а сега постигнавме два. Создадовме повеќе шанси против компактен тим. Но, од друга страна, примивме два гола, исто како и против Атлетик. Примивме уште повеќе против Милан. Треба да работиме на тоа. Минатата сезона, најважно беше да не примиме голови и да напаѓаме што е можно повеќе, а потоа да создадеме неколку шанси. Сега можеме да создадеме повеќе шанси. Но, во исто време, примаме повеќе голови. Ако сакаме да се бориме за шампионската титула, најважно е да не дозволиме шанси близу до нашиот гол. Секогаш има притисок. Без разлика дали ќе донесеме еден или десет играчи, кога сте во дресот на Ливерпул, секогаш има притисок“, рече менаџерот на Ливерпул.

ПретходноБарди погоди од пенал во првиот меч за Коњаспор во турската Суперлига (ВИДЕО)
СледноПех за Бетис: Иско најмалку три месеци надвор од терените