ТИКВЕШ (трансфери, играчки кадар, очекувања): Опасен ќе биде овој Тиквеш!

292

Ако Вардар и Шкендија се големи фаворити во битката за титулата, ако Струга ТЛ, па и Силекс е наметнуваат како фаворити од сенка, тогаш Тиквеш е во тој круг на клубови, барем според прогнозите кои треба да се бори најмалку за излез во Европа.

Кавадарчани имаат нов спонзор, годишен буџет од најмалку еден милион евра, имаат одличен стратег на клупата во името на Ѓорѓи Мојсов и секако, она најважното, имаат и одличен тим, но и широк ростер. Одамна Тиквеш немал така, по имиња, добар тим кој може во оваа наша лига да се носи буквално со секого и да победи против секого, без разлика дали ќе игра дома или на гости.

Ова би требало да биде една од најуспешните сезони на Тиквеш во неговата клупска историја, заедно со онаа од пред една година и повеќе  кога токму со Мојсов на клупата, го освои Купот на Македонија и играше во Европа.

Тиквеш одработи одличен преоден рок. Ги врати Ивановски, Илиески, Тасев. Го донесе младиот Ѓорѓиевски, дојде голманот Стевковски, секако Ацкоски, донесе и неколку квалитетни странци, а што е најважно го задржа “костурот“ на тимот од лани. Кога ќе се види кого се има на располагање Мојсов во нападот, тогаш јасно е дека да се повтори ланската сезона кога на Тиквеш му беа потребни десет шанси за да постигне ден гол.

Да не ја заборавиме и поддршката од публиката, па така Тиквеш ги има сите предуслови за да дојде до најдбар резултат во својата историја.

ПретходноШешко ќе дебитира за Манчестер Ј. на големото дерби на „Олд Трафорд“
СледноКузманоски: Сакаме да минеме едно скалило во ЕХФ Европскиот Куп