Уште еден голем успех на македонскиот атлетичар на меѓународна сцена. Андреас Трајковски со скок од 7.87 метри го освои 3-то место на меѓународниот атлетски митинг во Сестриере (Италија) во скок во далечина.
Андреас до овој скок кој му го обезбеди 3-то место, дојде во последната серија, но со недозволен ветар од +3.8 м/с.
Ова се скоковите на Андреас:
1 обид – 7.64 метри (-1.9)
2 обид – 7.69 метри (+0.4)
3 обид – 7.61 метри (-1.1)
4 обид – 7.57 метри (+0.5)
5 обид – 7.61 метри (+3.7)
Првото место му припадна на Кристијан Пули од Финска со скок од 8.06 метри (+0.6), додека второпласиран беше Мариус Вадеикис од Литванија со скок од исто така 8.06 (+3.9) но со послаба серија на скокoви од Кристијан.