Ѓорческа поразена во финалето во Србија

40

Најдобрата македонска тенисерска, Лина Ѓорческа не успеа да ги круниса добрите игри на ИТФ фјучрс турнирот во Куршумлијска бања. Ѓорческа во финалето загуби од Романката, Миријам Бјанка Булгару со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 6-0.

Ѓорческа го доби првиот сет со 5-7, но потоа следеше целосна доминација на романската тенисерка, која во следните два сета доминираше. Лина во два сета успеа да добие само еден гејм.

Утре на најновата ВТА-листа нашата најдобра тенисерска се очекува да направи напредок иако денеска беше поразена во финалето.

ПретходноМишов пред денешниот меч со Работнички: Тиквеш е подготвен за добра сезона во ПМФЛ!
СледноРеал фрли 45 милиони на фудбалер кој никогаш не стапнал на теренот – си оди дома задоволен!