Кога не игра Меси: Орландо го прегази Интер Мајами!(ВИДЕО)

44
ФОТО: Inter Miami CF/X

Во дербито на Флорида, Интер Мајами на гости кај Орландо беше поразен со 4:1 во меч од 26.коло во МЛС. И веднаш треба да се каже дека Лео Меси поради повреда не беше во тимот на гостинскиот состав, но затоа тука беа Суаерез, Де Пол, Алба, Бускетс, но и тоа не беше доволно да се избегне овој убедлив пораз.

Интересно, уште во 5.минута резултатот беше 1:1. Прво Муриел донесе водство на домашните, за да Брајт израмни.

Следуваа головите на Муриел уште еден, на Оједа и Пашалиќ за конечни 4:1.

Со овој пораз Интер Мајами падна на шестото место во Источната Конференција.

ПретходноСИЛЕКС (трансфери, играчки кадар, очекувања): Кратовци повторно во битка за врвот!
СледноБРЕРА (трансфери, играчки кадар, очекувања): Кај струмичани младоста е во преден план!