Неверојатно: Матео Бараќ на ист натпревар во ХНЛ играл и за Славен и за Вараждин!

133

Ете и тоа се случува во фудбалот, и тоа се случува во елитната лига во Хрватска. Па така извесен Матео Бараќ на мечот меѓу Славен Белуппо и Вараждин играл и за едните и за другите.

Сепак, јасно е дека не станува збор за еден Матео Бараќ, туку за двајца. И во Славен Белупо и во Вараждин вчера на стоперските позици играле двајца Матео Бараќ, и што е најинтересно, и двајцата се родени во Сињ.

Додека оној Бараќ кај гостите е попознат, има и интернационална кариера, овој помладиот кој вчера настапи за Славен Белупо до пред две години работел како келнер во својот Сињ.

ПретходноОва го има само во С. Арабија: Пребогат шеик ќе му ја плаќа разликата во платата на Митровиќ, само да си оди од Ал-Хилал!
СледноЕвeртон го добива Грилиш на позајмица, па потоа ќе може да го откупи за 50 милиони фунти