Како што пренесува „ЕСПН“, Сакраменто го носи 37-годишниот Вестбрук за да му биде поддршка на Денис Шредер во организацијата на играта.
Вестбрук пристигнува во Кингс по турбулентна сезона во Денвер Нагетс, каде што во просек бележеше 13,3 поени, 6,1 асистенција и 4,9 скокови по натпревар.
Сакраменто се реши да го доведе Вестбрук поради празнината во ростерот, откако на таа позиција минатата сезона го трејдуваа Де’Арон Фокс во Сан Антонио Спарс.
Доколку договорот се реализира, за Вестбрук ова ќе биде шести тим во последните седум сезони во НБА лигата.
По 11 години поминати во Оклахома, во 2019 година Вестбрук настапуваше за Хјустон Рокетс, потоа за Вашингтон Визардс, две сезони го носеше дресот на Лос Анџелес Лејкерс, а потоа по една сезона за Клиперс и Денвер Нагетс.