СИЛЕКС (трансфери, играчки кадар, очекувања): Кратовци повторно во битка за врвот!

304

Како и минатата, така и оваа сезона. Ова се очекувањата за Силекс во поглед на предвидувањата и прогнозите за тоа како овој некогашен трикратен шампион на Македонија, би можел да мине во ПМФЛ во сезоната 2025/26. Кратовци денеска против Брера го стартуваат новиот шамионат со нескриени амбиции повторно да бијат битка за врвот на табелата.

Секако дека тука се Вардар, Шкендија, Струга ТЛ, но тие се уверени дека и нивниот клуб припаѓа во ова друштво, па и Тиквеш.

Откако несреќно беа елиминирани од Дечич во квалификациите уште во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, кратовци и дефинитивно се вртат кон домашната сцена. Релативно добро го одработија преодниот рок, иако јасно е дека сеуште има време за нови трансфери, тренерот Александар Васоски и оваа сезона ќе има добар тим за наши услови. Секако дека најзвучното засилување е Мартин Мирчевски, кој по неколку години минати во Србија и БиХ, се врати во Македонија, но во редовите на Силекс.

Овој тим има и искуство и младост, секако квалитет за наши услови и се очекува да биде при врвот. За нешто повеќе тешко, тоа зависи и од конкуренцијата, а реално Силекс нема ни тим, ни ресурси, како останатите фаворити.

Секако дека се зависи и од тоа како ќе стартува во новата сезона, прво игра дома со Брера, па игра на гости со Шкупи, следува меч дома со Македонија ЃП, па гостување кај Арсими. Со максимални 12 бода од овие четири меча се е можно.

ПретходноМакедонецот Мусовски со два гола го “тресна“ ЛА Галакси!(ВИДЕО)
СледноКога не игра Меси: Орландо го прегази Интер Мајами!(ВИДЕО)