Блескав настап на Бразилецот: Ова е вистинскиот Нејмар! (ВИДЕО)

102
ФОТО: SantosFC/FB

Кога сака да игра тогаш јасно е дека е еден од најдобрите фудбалери во светот, ама кога сака. Се разбира дека тука мислиме на Нејмар, еден од најголемите асови во историјата на фудбалски Бразил, кој се чини никогаш до крај не ги искажа сите свои екстра квалитетеи, односно потенцијали.

Па така ќе мораме да чекаме на некој негов блесок како што тоа беше деновиве на мечот Крузеиро – Сантос 1:2, а во редовите на гостнскиот тим се разбира дека главна ѕвезда беше токму Нејмар.

Не даде гол, но за одбележување е тоа како играше Нејмар, како во најдобрите негови денови, како во транс.

Ова може само да го радува селекторот на Бразил, Карло Анчелоти.

Погледнете…

ПретходноМартин Ѓорѓиевски (Брера): Убаво ќе биде да не загубиме во Кратово!
СледноСавињо за 50 милиони евра прави трансфер од Сити во Тотенхем?!