Брера Струмица е една од енигмите во ПМФЛ во новата сезона. Имено главното прашање е што може овој тим на стратегот Панче Стојанов. Едно се желбите и амбиции, ама во стварноста секогаш е поинаку. Брера и во оваа сезона ќе мора во преден план да ја истакне својата младост. Има таму голем број млади и талентирани деца, но во битката за бодови потребно е и нешто друго, а не само талентот и младоста.
Пред клубот од Струмица предизвикот е огромен, и ако е нешто добро тоа е дека Брера и сите во неа, нема да бидат под никаков притисок. Се што ќе направат ќе биде само плус. Не дека Брера прерано е отпишана, никој не знае што ќе се случува од денеска па натаму во сите тие 33.коло, ама дека ќе бијат тешка битка за опстанок, тука нема дилеми.
А познато е дека во новата сезона од 12 екипи дури три директно испаѓаат а две играат бараж за опстанок. Значи за директен опстанок треба да се на седмото место на табелата.
Ќе може ли Бреда да дојде до ова?
Интересно, струмичани немаа ни малку среќа со распоредот на стартот, во првите четири кола. Имено играат на три меча од четирите со тимови кои се претенденти за самиот врв како Силекс, Вардар и Тиквеш, а играат дома и со Пелистер.
Нема што, пекол ги чека струмичани овој август.