Кадетите поразени и од Босна

19

Македонската кадетска репрезентација го запиша четвртиот пораз на Европското првенство Дивизија Б кое се одржува во Скопје. Подобри од нашите кошаркари беа Босанците кои славеа со 56-61.

Нашите момци мечот го загубија во третата четвртина во која противникот беше подобар со 12-22. Во последната четвртина беше неизвесно, но Босанците во клучните моменти успеаја да дојдат на плус девет (51-60) и ја задржаа позитивата до крај.

Македонија следниот меч го игра утре против Словачка.

ПретходноСандеј Алими ново засилување на Тиквеш
СледноПоследен договор пред Атина: Подготвени за битката со Грција (ФОТО)