Македонецот Мусовски со два гола го “тресна“ ЛА Галакси!(ВИДЕО)

104
ФОТО: Seattle Sounders FC/X

Во меч од 26.коло во МЛС уште еден блескав настап на Македонецот Дени Мусовски. Неговиот Сиетл на гостувањето кај ЛА Галакси успеа да победи со 0:4, а два гола беа дело на самиот Мусовски. Македонецот реализираше во 37. и 54.минута за 0:2 и 0:3. Од ова се гледа дека токму тој е најзаслужен за убедливата победа на Сиетл на гостувањето во ЛА. Со овие два гола, Дени Мусовски сега дојде до бројката од 10 погодици во изминатите 26 кола.

На крај да кажеме дека апсолутно заслужено Мусовски беше прогласен и за играч на натпреварот.

ПретходноКрсте Велкоски го промовираше новиот стратег на “македонското“ Сараево!
СледноСИЛЕКС (трансфери, играчки кадар, очекувања): Кратовци повторно во битка за врвот!