Мартин Ѓорѓиевски (Брера): Убаво ќе биде да не загубиме во Кратово!

77
ФОТО: FFM.MK

Брера лани успеа да обезбеди опстанок во последен миг, а во новата сезона струмичкиот прволигаш ќе се обиде да биде што е можно повеќе безгрижен на тој план. Фокусот и понатаму е ставен на промоција на млади фудбалери, а тренерот Панче Стојанов има за цел сето тоа да го оформи во еден мотивиран тим со силен натпреварувачки дух.

Еден од лидерите на овој состав на Брера е младинскиот репрезентативец Мартин Ѓорѓиевски, кој најавува дека тимот од Струмица е подготвен за почетокот на сезоната.

На стартот, Брера гостува во Кратово, оди на мегдан кај Силекс, во последниот натпревар од првото коло во Првата фудбалска лига.

Брера продолжува по истиот терк. Тимот е делумно променет, но филозифијата е идентична, млади фудбалери желни за докажување се јадрото на нашиот состав. На почетокот одиме во Кратово, навистина тешко гостување, но подготвени сме да прикажене сѐ што знаеме и се разбира дека очекуваме позитивен резултат. Ако не загубиме во Кратово, мислам дека тоа ќе биде добар исход за Брера од првото гостување во новата сезона. Работевме напорно во подготвителниот период и желни сме да почнеме со првенствените искушенија. Максимален респект за Силекс, тие се одличен тим, лани завршија на втората позиција, а ова лето учествуваа и во европските купови. Во секој случај, голем предизвик за нас, и ќе се обидеме да одговориме со успех“, изјави Мартин Ѓорѓиевски, во пресрет на стартот на новата сезона за Брера.

Што се однесува до меѓусебните дуели, Силекс славеше на последните четири меча против Брера, а последниот успех на струмичкиот тим во Кратово датира од 18 февруари 2024 година, кога славеше со 0-1.

ПретходноСерафимов пред промоција во Левски Софија!
СледноБлескав настап на Бразилецот: Ова е вистинскиот Нејмар! (ВИДЕО)