Миленкоски: Имаме план кој мора да го исполниме, ако сакаме на уште едно Европско!

79
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (Facebook)

Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Скопје ги завршува подготовките за двата клучни натпревари во циклусот квалификации за Европското првенство следната година. Селекторот Јошко Миленкоски со 14 одбојкари утре патува за Атина, каде в среда ќе го одиграме дуелот со Грција кој ќе одлучува за првото место во групата, но и во голема мера може да го реши и одговорот на прашањето дали Македонија и четвртипат по ред ќе настапи на континенталниот собир на најдобрите одбојкарски репрезентации.

„Оние 14 одбојкари со кои работиме во изминатиов период заминуваат за Атина. Сите се оптимистички расположени, одиме да се надигруваме, знаејќи дека Грција е голем фаворит. Ние имаме зацртано наш план и се надевам дека ќе го исполниме. Точно е дека на Грција и требаат само два сета за да биде прва во групата, а нас ни е потребен барем бод за и предвреме да го решиме прашањето за место на ЕП. Сепак, што и да се случи, наша обврска ќе биде на домашен терен против Грузија дома да го потврдиме местото на уште едно европско“, вели селекторот Миленкоски.

Поради повреди Давид Стојанов и Филип Лепидовски нема да патуваат за Атина. Репрезентацијата утре наутро заминува со автобус за Солун, од каде со авион ќе патува до Атина. Утревечер нашата селекција ќе има и официјален тренинг пред дуелот во среда.

ПретходноЕвeртон го добива Грилиш на позајмица, па потоа ќе може да го откупи за 50 милиони фунти
СледноРепрезентативците го одржаа денешниот тренинг во Орадеа (ФОТО)