Ете и тоа се случува во фудбалот, и тоа се случува во елитната лига во Хрватска. Па така извесен Матео Бараќ на мечот меѓу Славен Белуппо и Вараждин играл и за едните и за другите.
Сепак, јасно е дека не станува збор за еден Матео Бараќ, туку за двајца. И во Славен Белупо и во Вараждин вчера на стоперските позици играле двајца Матео Бараќ, и што е најинтересно, и двајцата се родени во Сињ.
Додека оној Бараќ кај гостите е попознат, има и интернационална кариера, овој помладиот кој вчера настапи за Славен Белупо до пред две години работел како келнер во својот Сињ.