Ова го има само во С. Арабија: Пребогат шеик ќе му ја плаќа разликата во платата на Митровиќ, само да си оди од Ал-Хилал!

509
ФОТО: FC AL-Hilal/FB

И дефинитивно ова го има само во Саудиска Арабија. По ангажманот на Дарвин Нуњез, јасно е дека нема место за Александар Митровиќ во нападот на Ал-Хилал и раководството на клубот по секоја цена сака да го “откачи“ Србинот и затоа му дава низа поволности.

Како прво без разлика што Митровиќ има важечки договор тој може да оди во било кој клуб и тоа без отштета.

А плус на тоа, пребогат шеик кој бил еден од главните спонзори на клубот, се додека Митровиќ имал договор со клубот, ќе му ја плаќа разликата во платата на Србинот која изнесува 25 милиони евра нето.

Да појасниме. Ако Митровиќ потпше за Њукасл на пример за 8 милиони евра нето, тогаш Ал-Хилал ќе му дава плус 17 милиони.

Ете, тоа е Саудиска Арабија.

ПретходноОткако го урна Ливерпул отишол во паб, а таму… (ФОТО)
СледноНеверојатно: Матео Бараќ на ист натпревар во ХНЛ играл и за Славен и за Вараждин!