Откако го урна Ливерпул отишол во паб, а таму… (ФОТО)

178
ФОТО: Crystal Palace F.C./FB

Кристал Палас ја живее својата бајка ова лето. За само три месеци освои два пехари, единствени во клупската историја. Во финалето на ФА Купот славеше против Манчестер Сити, а вчера на пенали го победи моќниот Ливерпул.

За тоа што вчера на “Вембли“ се случи, по тие 2:2 и победа на пенали во “Комјунити Шилд“, најаслужен е голманот на тимот од јужен Лондон, Дин Хендерсон.

Во пенал-серијата не му дадоа гол Салах, Елиот и МекАлистер. Јасно е дека токму Хендерсон е херој на денот.

А знаете ли што направил тој откако заврши сета церемонија на “Вембли“. Отишол во еден паб во Лондон, во близина на “Вембли“, каде се собирале фановите на Кристал Палас и на сите што се нашле таму им платил пијачка, правел селфи со сите, се израдувал уште еднаш со нив со што уште повеќе станал голем во нивните очи.

Така се прави тоа, што се две или три илјади фунти за потегот што ќе го паметат цел живот фановите на Кристал Палас.

Тоа го прават само вистинските и големите луѓе, а еден од нив секако дека е Дин Хендерсон.

Секоја чест.

ПретходноОдличен потег на Вардар: На сите домашни мечеви оваа сезона цената на билетите ќе бидат 200 денари – југ и 100-исток!
СледноОва го има само во С. Арабија: Пребогат шеик ќе му ја плаќа разликата во платата на Митровиќ, само да си оди од Ал-Хилал!