ПМФЛ: Силекс покажа сила против Брера која еден час и повеќе играше со играч помалку!

357
ФОТО: FK Sileks/FB

Попладнево во Кратово, во последниот меч од 1.коло во новата сезона, домашниот Силекс со 5:0 успеа да го победи младиот тим на Брера. Интересно ваков исход не се очекуваше по настаните на теренот во првиот ден, но затоа во второто полувреме за само десет минути, од 47.до 57., кратовци го скршија тимот на Брера за убедлива победа. Сепак треба да се каже дека Брера уште од 28.минута играше со играч помалку.

Треба да се каже дека во второто полувреме покрај петте гола, Силекс во три наврати ја погоди и стативата на гостите.

Во првиот дел речиси ништо не видовме освен шансата на Алиќ по ударот со глава кој заврши над голот на гостите. И секако оној непромислен старт на Величковски, напаѓачот на гостите кога непотребно стартуваше врз Ѓорѓе Џеков и го повреди во пределот на главата. Заслужено Величковски доби црвен картон, ВАР само ја потврди одлуката на судијата Трпчевски. Додека домашниот дефанзивец мораше да биде заменет со Николиќ.

Со тие 0:0 се замина на пауза.

А во второто како на терен да влезе некој друг тим, а не оној Силекс од првиот дел. За само десет минути, од 47. до 57. кратовци во три наврати ја затресоа мрежата за водство од 3:0.

Прво струмичани ги “отвори“ Португалецот Пирес со удар со глава, потоа следуваше голот на Ефтимов откако домашниот фудбалер убаво си се проби низ гостинската одбрана, а во 57.минута Донов погоди за 3:0.

Покрај тие три гола кратовци во два наврати ја погодија и гредата на гостите од Струмица. Очигледно дејка струмичамо тотално паднаа, едноставно немаа сила да му се спротистават на домашниот состав.

По тоа убедливо водство кратовци продолжија со нападите, но искрено не така урагански како во првите минути од второто полувреме.

Брера својата прва шанса ја имаше дури во 84.минута кога Ндзенгуе, не успеа да го совлада голманот на кратовци, Љупче Џеков.

А на другата страна, Велиновски со прекрасен гол со лоб удар, Силекс поведе и со 4:0.

Имаше уште еден гол по шутот на Пирес, но топката се одби од еден гостински играч и отседна во мрежата.

По тие конечни 5:0, Силекс е лидерот на табелата во ПМФЛ по 1.коло.

ТАБЕЛА

Силекс 3, Шкендија 3, Вардар 3, Струга ТЛ 3, Башкими 1, Арсими 1, Работнички 1, Тиквеш 1, Македонија ЃП, Пелистер 0, Шкупи 0, Брера 0

ПретходноРенато Димитриевски се врати во Гостивар
СледноРаспоред за 2.коло: Кавадарци ќе “гори“! Тиквеш – Вардар се игра во петок од 17 часот!