Во Кратово заврши првото полувреме од последниот меч од 1.коло во новата сезона во ПМФЛ, каде се среќаваат Силекс и Брера. Резултатот е 0:0. И треба веднаш да се каже дека во 28.минута гостите од Струмица останаа со играч помалку откако Величковски грубо стартуваше врз Ѓорѓе Џеков и го повреди во пределот на главата. Фудбалерот на Брера доби директен црвен картон, а домашниот играч мораше да биде заменет со Никоколиќ.
Инаку од Силекс многу повеќе се очекуваше. Кратовци ја имаа иницијативата, поседот, ама креираа само една шанса кога Алиќ во 13.минута, од само 5-6 метри шутираше со глава над голт на струмичани.