ПСЖ го понижи Донарума како никој досега!

278

ПСЖ не сака да ја направи истата грешка како со Килијан Мбапе и затоа одлучи на Џанлуиџи Донарума јасно да му стави до знаење дека такви работи не се толерираат – или ќе го напушти клубот ова лето, или следната сезона ќе ги следи натпреварите од трибините.

Донарума изминатите сезони беше прв голман на ПСЖ и минатата сезона една од главните алки во освојувањето на Лигата на шампионите.

Сепак, италијанскиот голман ги шокирал челниците на Парижаните со признание дека размислува за заминување од клубот, бидејќи смета дека е подготвен за нов предизвик во кариерата.

Од ПСЖ веднаш по завршувањето на минатата сезона започнале со активности околу Донарума и покажале јасен интерес тој и во наредните години да биде прв голман на тимот, како и да го продолжи договорот.

Италијанецот има соработка со Парижаните уште една година и ја одбил опцијата за продолжување, што на „Паркот на принцовите“ не било очекувано.

Иако се поврзува со Манчестер Јунајтед, многумина сметаат дека планот на Донарума е да остане во ПСЖ до крајот на сезоната, а потоа како слободен играч да најде нов клуб.

Но, во ПСЖ не сакаат да ја повторaт истата грешка како со Мбапе, кој го направи истото и на крај бесплатно замина во Реал Мадрид, па му ставиле до знаење на Донарума дека од тоа нема ништо.

Француските медиуми пишуваат дека Донарума моментално е исфрлен од првиот тим и воопшто не е во конкуренција за натпреварот од УЕФА Суперкупот против Тотенхем, а дека Лукас Шевалје сега е прв голман на ПСЖ.

ПСЖ дополнително му порачил на Донарума дека е најдобро до крајот на летниот преоден рок да го напушти клубот и дека се подготвени да го продадат за сума меѓу 20 и 30 милиони евра.

Во случај 26-годишникот да одбие заминување, следната сезона воопшто нема да брани и натпреварите на Парижаните ќе ги гледа од трибините.

Донарума ќе има дозвола да тренира со тимот, но Луис Енрике нема да го користи – исто како што беше случај со Мбапе, за кого тогаш сметаа дека ќе остане, а на крај тоа се покажа како огромна грешка.

Италијанецот во ПСЖ пристигна летото 2021 година од Милан, токму без обештетување, и сигурно е дека нема да му недостасуваат понуди, бидејќи има само 26 години и веќе речиси една деценија е на големата сцена.

ПретходноСити тргна по ѕвездата на Реал Мадрид
СледноЦимикас со една нога е надвор од „Енфилд“