Откако денеска со мечот во Кратово, на кој Силекс со 5:0 славеше против Брера, заврши првото коло, познат е распоред односно термините и сатницата на второто коло во новата сезона во ПМФЛ.
И повторно ќе се игра од петок до понеделник, а дербито на колото меѓу Тиквеш и Вардар е закажано за во петок во Кавадарци, со почеток од 17 часот.
Инаку сеуште не се знае каде ќе се игра неделниот меч меѓу Шкупи и Силекс. Имено клубот од Чаир сеуште нема доставено информација дали на Чаир се средени сите работи околу поставување на ВАР технологијата.
Во продолжение можете да го видите целот распоред на мечевите од 2.коло:
ДВОЈКИ ЗА 2.КОЛО
ПЕТОК (15.08) – 17 Ч
Кавадарци: Тиквеш – Вардар
Гостивар: Арсими – Струга ТЛ
САБОТА (16.08) – 17 Ч
Скопје: Македонија ЃП – Шкендија
Скопје: Работнички – Башкими
НЕДЕЛА (17.08) – 17 Ч
?: Шкупи – Силекс
ПОНЕДЕЛНИК (18.08) – 17 Ч
Струмица: Брера – Пелистер