Симиќ: Само со вистински пристап можеме до успех во Орадеа

27
фото: kfsm.mk

Македонија загуби убедливо на гостувањето во Унгарија, но пред вториот меч со Романија, Теодор Симиќ како и другите негови соиграчи, сега знаат многу повеќе работи за и околу романската селекција:

„Романија е добро позната репрезентација за нас бидејќи пред десетина дена се сретнавме со нив во Куманово, на наш терен каде што бевме многу блиску до победа, а натпреварот беше одлучен во последните две минути“ – анализира кратко Симиќ.

За мечот во среда навечер, од 19.часот, во Арената „Орадеа“ како основна работа, односно предуслов за успех, го гледа оној правилен пристап на сите кошаркари кои ќе бидет во конечниот ростер на селекторот Марјан Илиевски:

„Мислам дека со вистински пристап од почеток на натпреварот до крајот може да се надеваме на добар резултат. Во Куманово покажавме дека можеме да играме против секоја репрезентација мислам дека и овде во Орадеа имаме големи шанси за победа. Пристапот кон мечот, и енергијата која ја краси оваа, доста подмладена репрезентација, треба да ни дадат поголема шанса за успех на ова второ по ред гостување во претквалифиакциите. И искрено се надевам дека со нашата енергија, желба и борба ќе излеземе како победници од овој натпревар“– смета нашиот највисок кошаркар во овој ростер.

ПретходноШпанската федерација дозволи меч од Ла Лига да се игра во САД, сега на потег е УЕФА
СледноБалканска работа: Јанис не игра за Грција затоа што не сакаат да му платат осигурување?!