Левиот бек Томче Стојановски по една година во дресот на Вардар одлучи во новата сезона да го носи дресот на ГРК Тиквеш. Тој е засега е задоволен од начинот на кој е прифатен во кавадаречкиот тим. Посакува во текот на сите мечевите да имаат поддршка од трибините, а тој заедно со своите соиграчи ќе се обидат да им дадат причина за да дојдат на секој меч.
„Новата средина е пријатна, тимот ме прифати одлично, и веќе се чувствувам како дел од овој клуб. Подготовките за новата сезона се веќе започнати, темпото е високо, работиме напорно и фокусирано со јасна цел – да го дадеме максимумот на секој натпревар.
Не очекуваат силни натпревари и на пријателските турнири, кои ќе ни помогнат да се воиграме уште подобро пред стартот на сезоната. Лигата секоја година е сѐ подобра и верувам дека не чека интересна година со многу предизвици. Кавадарци е град кој го сака спортот и се надевам дека со помош од трибините ќе се радуваме на заедничките успеси”.