КК ТФТ Скопје денеска и официјално потврди дека во тимот и следната сезона ќе биде Георги Зафиров. Тој се обврза на нова двегодишна соработка со клубот од Тафталиџе.
Зафиров реши да остане во ТФТ и секако повторно ќе биде еден од носителите на играта во тимот на тренерот Смилковски.
28-годишниот кошаркар веќе пет години го носи дресот на ТФТ.