Шкендија утре во Баку од 18 часот, во реванш дуел од двомечот од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, ќе се обиде да направи чудо кај Карабах. Велиме чудо ако се знае дека на првиот меч во Скопје, шампионот на Азербејџан победи со 0:1. Па така сега ако сака нашиот шампион да оди во плеј – офот во ЛШ и да го елиминира Карабах, ќе мора не само да постигне гол туку и да победи.
Во пресрет на утрешниот меч, еве го видувањето на тренерот на тетовци, Јетопн Беќири:
„Утрешниот натпревар ќе биде многу тежок. Карабах е силен и опасен тим. Ќе се обидеме да го покажеме најдоброто од себе. Ќе се обидеме да постигнеме гол. Немаме што да изгубиме. Имавме проблеми во првиот натпревар. Особено во физичка смисла. Но, можевме и да постигнеме гол. Се обидовме да го дадеме најдоброто од себе, но Карабах играше добро, особено во првото полувреме. Бевме подобри во второто полувреме. Утре ќе играме поагресивно и напаѓачки фудбал“.
За новинарите од Азербејџан интересно беше дали тој пред двомечот со Карабах, разговарал со екс играчот на Карабах, Муарем Муарем:
“Го познавам добро. Знам дека има добри односи со Гурбан Гурбанов, па од етички причини не го направив тоа. Лесно можете да ги најдете претходните натпревари на противникот“ одговори Беќири.