Најдобриот кошаркар на репрезентацијата на Грција, Јанис Адетокумбо, се уште не може да игра за својата репрезентација поради банална причина. Како што објавија неколку грчки агенции, проблемот со Адетокумбо е во неплатено осигурување од страна на грчката федерација.
Додека многу НБА ѕвезди веќе дебитираа за своите национални тимови ова лето, Јанис сè уште не одиграл ниту еден пријателски натпревар за Грција.
„Недостасува само една уплата за Јанис да се појави на теренот – онаа што ќе обезбеди осигурителна покриеност во случај на повреда или несреќен инцидент. Кога ќе се случи ова? Селекторот на репрезентацијата, Василис Спанулис, не беше ни сигурен дали Јанис ќе игра на следниот натпревар против Црна Гора на 14 август“, пишуваат грчките медиуми.
Грција веќе одигра три подготвителни натпревари за Евробаскет 2025, претрпувајќи два порази.